24фудбал

Ибра состави идеален тим од фудбалерите со кои настапувал (ФОТО)

Златан Ибрахимовиќ во својата книга „Јас сум фудбал“ состави тим од 11 фудбалери, според него најдобрите со кои тој играл.

Останато

Ибрахимовиќ имаше богата фудбалска кариера, играше во повеќе клубови, почна од Малме, па продолжи во Ајакс, Јувентус, Интер, Барса, Милан, ПСЖ, Манчестер јунајтед, Галакси и повторно во Милан каде што ја заврши кариерата.

Ибра го состави идеалниот тим на фудбалери со кои кои играл. Во заграда се клубовите каде што играл со конкретниот фудбалер, а потоа и мислење за нив.

- Буфон (Јувентус) „најсилниот голман во светот“.

- Лилиам Турам (Јувентус), десен бек, „за него секој тренинг беше како финале на Светско првенство“

- Тијаго Силва (Милан и ПСЖ), како централен дефанзивец, „Ибра во дефанзивата“.

- Алесандро Неста (Милан), централен дефанзивец, „секогаш носеше вистински одлуки“

- Максвел (Ајакс, Интер, Барса и ПСЖ), лев бек, „многу интелегентен фудбалер“.

- Патрик Виеира (Јувентус и Интер), играч од средниот ред „фудбалер кој работи како мазга“.

- Чави (Барселона) играч од средниот ред, „никогаш не грешеше, го викаат господин перфектен“.

- Павел Недвед (Јувентус), средина „најсериозниот професионалец кој некогаш сум го видел“.

- Лионел Меси (Барселона) како десно крило, „Плејстејшн играч, најдобриот на сите времиња“.

- Роналдињо (Милан) лево крило, „генијалец“.

- Ибрахимовиќ како централен напаѓач.

На клупата Ибра ги стави: Сидорф, Гатузо, Канаваро, Иниеста и Жулио Цезар како голман, откако го пречкртал Де Хеа.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.