24фудбал

Откако потпиша со Бензема, Ал Итихад е пред ангажман и на Канте, познати се деталите

Нголо Канте од Челси наскоро ќе се пресели во Ал Итихад, преговорите со клубот од Саудиска Арабија се во завршна фаза.

Англија

Во летниот преоден рок се случува вистинска инвазија на Саудијци кои сакаат да купат европски фудбалски ѕвезди, еден од оние кои ќе се преселат е и Нголо Канте.

Преговорите меѓу двете страни се речиси завршени, остануваат уште формалности за трансферот да биде комплетиран.

Канте ќе потпише договор до јуни 2025 година со годишна плата од неверојатни 100 милиони евра.

Синоќа овој клуб го комплетираше трансферот на Бензема кој таму ќе заработува по 200 милиони евра годишно.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.