24фудбал

Рамос не ги сака парите на шеиците од Саудиска Арабија, сака да ја заврши кариерата таму каде што ја почна

Легендарниот дефанзивец, Серхио Рамос нема намера да прифати понуда од Саудиска Арабија, сака кариерата да ја заврши во Севиља.

Шпанија

Рамос како и останатите големи фудбалски ѕвезди има понуда од Саудиска Арабија, но за разлика од некои други, тој нема намера да оди таму.

Информациите од Шпанија велат дека Рамос сака да ја заврши кариерата таму каде што ја и почна, во Севиља.

Рамос седум години беше член на младинската школа на Севиља. Првата сезона во сениорска конкуренција ја одигра во вториот тим на Севиља, а потоа во сезоната 2004-2005 играше за најдобриот тим на Севиља.

Но веднаш потоа замина во Реал Мадрид, а таму остана од 2005 до 2021. Во тој период беше свиркан кога гостување во Севиља, па прашање е како навивачите на овој клуб би прифатиле враќање на Рамос.

Рамос своите најдобри фудбалски години ги помина во Реал Мадрид, а во Севиља само се промовираше и сега сака да ја заврши кариерата. Некои ваквиот потег го сметаат за предавство и за недоволно почитување на клубот од каде што потекнал.

Неговата намера веројатно е убава, но навивачите на Севиља посакуваа тој да биде во нивниот клуб во најдобрите години од кариерата.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.