24фудбал

Перез му се обрати на Бензема: Карим, твоето имe засекогаш ќе биде запишано во историјата на Реал Мадрид!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез говореше на церемонијата за заминување на Карим Бензема од Сантијаго Бернабеу.

Шпанија

Бензема заминува од Реал Мадрид, неговата следна дестинација е Саудиска Арабија од каде му пристигна богата понуда која не можеше да ја одбие.

„Драг Карим, прекрасна приказна почна кога дојде ти тука пред 14 години и стана еден од најдобрите фудбалери кои некогаш се појавиле. Дојде како дете, а си заминуваш како еден од најдобрите“, вели Флорентино Перез.

„Карим, ти си пример кој треба младите да го следат, ти го претставуваш сето значење на Реал Мадрид“.

„Карим, твоето име ќе биде запишано во историските книги на овој клуб и фудбалот засекогаш“.

„Карим Бензема е втор најдобар стрелец и прв асистент во историјата на Реал Мадрид“.

„Ти благодариме за се што направи за овој клуб“, рече Флорентино Перез.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.