24фудбал

Виери: Кардинале е луд што го отпушти Малдини, но во фудбалот секој ден гледаме луди луѓе

Поранешниот напаѓач, Бобо Виери вели дека не е изненаден од потегот на газдата на Милан, тој го нареше претседателот на росонерите, луд човек.

Италија

Кардинале и Малдини имале различни гледишта на иднината на Милан. Паоло барал да се зголеми ставката за плати со цел да можат да се ангажираа и посилни фудбалери на трансфер пазарот кои се слободни играчи, но бараат повисоки примања. Ограничен е и трансфер буџетот на росонерите.

Малдини сакал да се промени политиката на штедење со цел Милан да биде конкурентен на големите европски клубови. Но, Кардинале не дал поддршка на тоа, едноставно ги отпушти Малдини и Масара.

„Ако Малдини си оди, тоа е затоа што клубот не сака да вложи ни евро повеќе. Секако дека тој Кардинале е луд доколку дозволи Малдини да замине, но секој ден гледаме луди луѓе во фудбалот, за 30 години во фудбалот сум ги запознал најлажните можни луѓе. Не сум изненаден од ништо, ова е фудбал, зборовите не вредат ништо“, е реакцијата на Виери за последните случувања во Милан.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.