24фудбал

Тотнем ја заврши потрагата по нов тренер, одлуката паднала на Постекоглу

Тотнем ќе го назначи Анже Постекоглу за нов тренер, веќе поранешниот тренер на Селтик ќе се проба во Премиерлигата.

Англија

Утринава бил постигнат договор меѓу Тотнем и Постекоглу, тој ќе стави потпис на двегодишна соработка со лондонскиот тим, со можност за продолжување на уште една.

Преговорите меѓу Тотнем и Селтик се во завршна фаза, остануваат уште формалности за да биде комплетирана зделката.

Постекоглу со Селтик ја освои тројната круна во Шкотска.

За Гркот кој живее во Афстралија, Селтик беше прво европско искуство како тренер.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.