24фудбал

Таткото на Меси на состанок со Лапорта, Ла Лига го одобри враќањето на Лео во Барса! (ВИДЕО)

Барселона доби зелено светло од Ла Лига за нивниот финансиски план за ангажман на Лео Меси, таткото на фудбалерот денеска имаше состанок со претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта.

Шпанија

Се зголемуваат шансите Лео Меси да се врати во Барселона откако Ла Лига го одобри планот на клубот за враќање на Аргентинецот.

Денеска таткото на Лео, Жорге Меси беше виден на состанок со Лапорта.

„Лео Сака да се врати во Барселона и јас би сакал да го видам него назад во Барса. Можам да кажам дека сме уверени дека тоа може да се случи. Враќање во Барселона е опција. Наскоро ќе ја знаете иднината“, изјави Хорхе Меси.

Состанокот меѓу двете страни се оценува како многу позитивен.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.