24фудбал

ПСЖ го откачи Мурињо, не им требал старомоден тренер!

Голем број на извори пренесуваат дека Жозе Мурињо повеќе не е кандидат за тренерското столче на ПСЖ, шеиците од Катар не биле убедени дека „специјалниот“ е правиот избор.

Франција

„Светците“ се во потрага на наследник на Кристоф Галтие и минатата недела се шпекулираше дека Жозе Мурињо е прв избор.

Сепак, голем број на извори денеска објавија дека „специјалниот“ повеќе не е кандидат за нов тренер на ПСЖ.

Шеиците од Катар не биле убедени дека Жозе Мурињо е правиот избор, па го известиле спортскиот директор Луис Кампос да се фокусира на други имиња.

Наводно газдите на ПСЖ сметале дека Жозе Мурињо е старомоден тренер и го губи допирот со модерниот фудбал.

Послендите информации велат дека Јулијан Нагелсман е главен кандидат за столчето на „Паркот на Принцовите“, Германецот веќе остварил контакт со Тјери Анри и ја повикал француската легенда да му се придружи.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.