24фудбал

Гестот на Жозе Мурињо не неколку секунди пред да го загуби финалето во Лига Европа (ВИДЕО)

Камерите на Мовистар го уловија Жозе Мурињо како му приоѓа на својот колега Хозе Мендилибар и му честата за победата на Севиља во финалето и покрај тоа што Гонзало Монтиел го немаше шутнато решавачкиот пенал.

Лига Европа

Севиља синоќа по седми пат триумфираше во Лига Европа откако на пенали ја совлада Рома во финалето во Будимпешта.

Жозе Мурињо имаше свое шоу, медалот му го подари на млад навивач на трибините а потоа го чекаше судијата Ентони Тејлор на паркингот за да изрази незадоволство од начинот на кој Англичанецот ја делеше правдата.

Камерите на Мовистар исто така уловија интересен гест на „специјалниот“, кој му пријде на својот колега Хозе Мендилибар и му честиташе за победата на Севиља и покрај тоа што Гонзало Монтиел го немаше шутнато решавачкиот пенал.

Луѓето од клупата на Севиља со зачуденост го гледаа Жозе Мурињо, кој очигледно се помири со судбината откако Манчини и Ибањез промашија од белата точка.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.