24фудбал

Двајца фудбалери на Челси одат во Манчестер, едниот во Сити, другиот во Јунајтед

Новиот тренер на Челси, Маурисио Покетино прави голема чистка во тимот, а дел од играчите кои ќе си одат се и Матео Ковачиќ и Мејсон Маунт.

Англија

Маунт и Ковачиќ се упатуваат кон иста дестинација, но во различен клуб.

Актуелниот договор на Мејсон Маунт со Челси истекува во 2024 година, тој веќе ги договорил личните услови со Манчестер јунајтед, се чека да завршат преговорите меѓу двата клуба за трансферот да биде официјализиран.

Идентична е ситуацијата и со Матео Ковачиќ, и тој има уште една година од договорот со Челси, но ќе биде продаден. Гласините велат дека сините веќе ја прифатиле понудата од Манчестер Сити и потребно е само да се средат формалностите за трансферот да се реализира.

Сумата која Сити ќе ја плати за Ковачиќ е околу 35 милиони фунти.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.