24фудбал

Мендилибар: Кога ќе одам на одмор, ќе одам со насмевка знаејќи што направивме

Тренерот на Севиља, Хозе Луис Мендилибар е пресреќен по освоениот трофеј во Лига Европа, откако во финалето ја победија Рома на пенали.

Лига Европа

За Мендилибар ова е прв голем трофеј во кариерата, а за Севиља е седми во Лига Европа од исто толку финалиња.

„Кога ќе одам на одмор ќе одам со насмевка знаејќи што направивме. Почнавме лошо, тие играа комфорно. А потоа во второто полувреме го променивме тоа и беше тешко. Во продолженијата ништо не се случи, но бевме успешни во пеналите“, рече Мендилибар.

„Среќен сум што освоив за овој клуб кој имаше тежок период кога дојдов тука. Направивме нешто кое може добро да се одрази за клубот“.

„Кога тие го дадоа голот, си мислите дека ќе биде многу тешко да постигнете гол против нив. Израмнувањето стигна брзо во второто полувреме и ни даде сила да продолжиме да се бориме за да го добиеме натпреварот“.

„На крајот не е исто да се изведуваат пенали на тренинг и пред 60.000 фанови. Немавме пенали во изминатите рунди. Имавме верба во играчите кои ги шутираа“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.