24фудбал

Издаден налог за апсење на Даглас Коста

Судот во Рио Гранде во Бразил издал налог за апсење на Даглас Коста, поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и Јувентус.

Јужна Америка

Одлуката е донесена по барање на судот во Порто Алегре, бидејќи Коста не плаќал алиментација на поранешната сопруга.

Поради тоа му се заканува затвор од една година, а постои можност да биде уаспен во Лос Анџелес каде моментално игра за ЛА Галакси.

Тимот на адвокати на бразилскиот фудбалер најави жалба на оваа одлука. Коста минатата година од Јувентус замина за САД. Покрај Јувентус и Баерн, во минатото играше и за Гремио и Шахтар.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.