24фудбал

Мурињо: Тоа што сум освоил е минато, јас секогаш гледам кон иднината!

Во интервју за „Скај Спортс“ пред финалето од Лига Европа, Жозе Мурињо вели дека не се врти назад и не мисли на тоа што освоил досега, гледа само напред.

Лига Европа

Во финалето од Лига Европа меѓу Рома и Севиља една серија ќе биде прекината. Мурињо досега нема загубено европско финале, има пет победи од пет натпревари, додека Севиља нема загубено финале во Лига Европа, има шест од шест.

Мурињо вели дека не размислува за неговиот перфектен учинок во финалињата, туку гледа само напред.

„Минатото останува и историјата не може да се избрише. Но, јас секогаш гледам во иднината, тоа е мојата филозофија“, вели Мурињо.

„Долго сум во фудбалот, ова финале е ново финале за мене. Веќе не размислувам за тоа што би можел јас да освојам, размислувам за среќата која можам да им ја дадам на фановите на Рома. Тоа е град кој живее и дише за фудбал“.

„Давам се од себе. Не сум подготвен за пензија воопшто. Долги години сум во фудбалот, па луѓето можеби мислам дека сум стар. Можеби ја гледаат мојата бела коса и мислат дека сум стар поради тоа, но не сум доволно стар за да мислам на пензија. Ќе ме гледате уште многу години“.

„Секој ден работиме напорно за да изградиме историја во Рома, и две последователни европски финалиња е нешто што можат да го направат само големи клубови со голема историја. Дури и за нив не е лесно“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.