24фудбал

Велковски го доби дуелот со Роналдо, Ал Наср ја загуби битката за титулата!

Ал Наср денеска одигра 1-1 на гостувањето кај Ал Етифак за кој игра македонскиот репрезентативец Дарко Велковски, со ова реми тимот на Роналдо ја загуби титулата, шампион на Саудиска Арабија е Ал Итихад.

Останато

Роналдо во Ал Наср дојде на полусезона кога неговиот тим беше лидер на табелата, се очекуваше со Португалецот само дополнително да ја зголемат доминацијата, но наместо тоа загубија многу бодови и на коло пред крајот Ал Итихад стана шампион.

Денеска Роналдо имаше дуел со Дарко Велковски, Македонецот беше стартер во дефанзивата на Ал Етифак и играше до 75. минута кога беше заменет.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.