24фудбал

Баерн се надева на чудо, Борусија е во пол позиција да ја освои титулата

Денеска се игра последното коло од Бундеслигата во кое ако не се случи изненадување Борусија Дортмунд би требало да ја зачува лидерската позиција и да го крене шампионскиот трофеј.

Германија

Денешното последно коло од Бундеслигата треба да реши неколку прашања, кој ќе биде шампион, кој ќе игра во Лигата на шампионите, кој ќе испадне од лигата...

Борусија Дортмунд е на првото место со два бода пред Баерн Минхен. Милионерите на домашен терен го пречекуваат Мајнц кој е во серија од четири порази по ред. 

Баерн Минхен треба да чека изненадување на тој меч, а тие да го совладаа Келн на негов терен.

Интересна ќе биде битката за четвртата позиција, последната која носи во Лигата на шампионите. Унион Берлин и Фрајбург имаат по 59 бодови, берлинците имаат и за четири гола подобра гол разлика, па во моментов се четврти, а Фрајбург е петти.

Унион Берлин на свој терен игра со Вердер Бремен, додека Фрајбург му гостува на Ајнтрахт Франкфурт.

За опстанок се борат дури четири екипи, Шалке е најзагрозен, тие треба да го победат Лајпциг на свој терен и да се надеваат на кикс на некој од Бохум кој игра со Баер Леверкузен или Штутгарт кој го пречекува Хофенхајм.

Загрозена е и позицијата на Аугсбург кој гостува кај Борусија Менхенгладбах.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.