24фудбал

ПСЖ се договорил со најскапиот играч во историјата на Баерн

Медиумите од Франција пренесуваат дека спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос си подал рака со Лукас Ернандез и сега останува да го убедат Баерн Минхен да се раздели со дефанзивецот.

Франција

ПСЖ сака да се засили со најскапиот играч во историјата на Баерн Минхен, Л'Екип објави дека спортскиот директор Луис Кампос начелно се договорил со Лукас Ернандез.

Дефанзивецот подолго време разговара со „баварците“ за продолжување на соработката, но ги стопирал преговорите кога дознал за интересот на ПСЖ.

„Светците“ сега треба да го убедат Баерн Минхен да се раздели со Французинот но во моментов клубот од „Алианц Арена“ не сака да го продаде Лукас Ернандез и се надева дека ќе го убеди играчот да стави потпис на нов договор.

Баерн Минхен за услугите на Лукас Ернандез плати 80 милиони евра во 2019 година.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.