Легендата на Барса, Андрес Иниеста по пет сезони го напушта јапонскиот клуб, Висел Кобе, но нема да стави крај на кариерата, ќе бара клуб каде ќе има поголема минутажа.
Категорија: Шпанија 25.05.2023 09:53
39-годишниот Иниеста објави дека заминува од Кобе поради тоа што немал доволно минутажа.
„Секогаш верував дека ќе се пензионирам тука, тоа беше заедничка желба, моја и на клубот. Но, си заминувам поради недоволна минутажа, тренерот има некои други приоритети. Го почитувам и прифаќам тоа“, изјави Иниеста.
Се верува дека Иниеста има две опции за продолжување на кариерата, едната е САД во некој клуб од МЛС, а втората е Саудиска Арабија.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.