24фудбал

Димарко доби заканувачка порака од ултрасите на Милан, фудбалерот на Интер мораше да се извини (ФОТО)

Левиот бек на Интер, Федерико Димарко се извини на социјалните мрежи откако ултрасите на Милан во близина на неговиот дом поставија парола со заканувачка порака.

Италија

По победата над Милан од 1-0 во реваншот и пласманот во финале во Лигата на шампиони, Федерико Димарко зема микрофон во рака и почна да ги води навивачите на Интер.

Дел од скандирањата беа навредливи за навивачите на Милан, дури има и договор помеѓу двете ултрас групи да не се користат.

Па оние најжешките навивачи на Милан во близина на домот на Федерико Димарко поставија парола со заканувачка порака.

„Димарко фокусирај се на фудбалот за да не ти го скратиме јазикот“ – гласеше пораката.

Левиот бек на Интер потоа се огласи на социјалните мрежи и се извини за својата постапка.

„По натпреварот во вторникот дозволив емоциите да ме понесат и да го загубам разумот на кратко. Сакам да им се извинам на сите навивачи на Милан кои беа навредени“ – гласеше пораката на левиот бек, кој е дете на Интер.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.