Кевин Де Брујне и Пеп Гвардиола имаа мала расправија на стартот од второто полувреме на синоќешниот натпревар против Реал Мадрид, фудбалерот од Беглија побара од стратегот да замолчи.
Категорија: Лига на Шампиони 18.05.2023 11:50
Пеп Гвардиола е перфекционист, стратегот често знае да им замери на своите играчи и кога Манчестер Сити е во добитна комбинација. Така беше и на вчерашниот натпреварот против Реал Мадрид, кога при резултат од 2-0, Шпанецот влезе во расправија со Кевин Де Брујне на стартот од вториот дел.
Фудбалерот од Белгија не остана покус, почна да прави гестикулации и да му вели на Пеп Гвардиола да замолчи.
По крајот на натпреварот, тренерот на Манчестер Сити објасни зошто настанала тензијата.
„Иако водевме со 2-0, многу брзавме во второто полувреме. Гундоган изгуби една топка, Кевин непотребно во три наврати тргна во контра... Брзавме во период кога требаше да го правиме спротивното“ – објасни Пеп Гвардиола.
And here is De Bruyne telling Guardiola to SHUTUP pic.twitter.com/dsFG90WA51
— Mohammed (@Bo3lya) May 18, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.