24фудбал

Анчелоти: Да не правиме драма од овој пораз, се случува!

Карло Анчелоти вели дека и следната година ќе биде тренер на Реал Мадрид и ќе се обиде да ја освои Лигата на шампионите, тој смета дека не треба да се прави драма од дебаклот кој им се случи денеска.

Лига на Шампиони

Реал Мадрид не само што беше елиминиран, туку беше буквално прегазен од Манчестер Сити со 4-0. Никој не е навикнат да го гледа кралскиот клуб во вакво издание.

„Тоа што се случи вечерва, нема смисла. Понекогаш играте против подобар противник. Сега е време да се свртиме кон следната сезона. Нашиот противник заслужи да победи. Тие беа суперниорни. Ова е полуфинале од Лигата на шампионите и може да ви се случи ваков пораз. Мораме да учиме од поразите“, вели Анчелоти.

„Не треба да правиме драма. Овој тим одигра многу добро оваа сезона и ќе бидеме многу добри и следната сезона. Полуфинале во Лигата на шампионите е успех. Следната сезона јас ќе бидам тука и ќе се борам за нова титула во Лигата на шампионите“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.