24фудбал

Бернардо Силва: Многу сум мал, но добар сум со глава!

Бернардо Силва беше главниот играч на Манчестер Сити во големата победа над Реал Мадрид од 4-0 со која се пласираа во финалето од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Манчестер Сити по вторпат ќе игра финале во Лигата на шампионите, а двата гола на Бернардо Силва во првото полувреме беа пресудни за победникот.

Интересно, иако е низок, вториот гол Силва го даде со глава. Токму тоа го потенцираа новинарите кои му поставуваа прашања по мечот.

„Ова е прекрасна ноќ за нас. Знаевеме ќе биде тешко, но го победивме овој тим на Реал Мадрид со 4-0. Прекрасно е чувството повторно да се биде во финале. Се надевам дека овојпат ќе освоиме“, вели Бернардо Силва.

„Не се чувствував добро по првиот меч. Вечерва требаше да се обидам да бидам подобар за моите соиграчи и фановите. Хеј, многу сум добар со глава. Јас сум многу мал, но добар сум со глава“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.