24фудбал

Манчестер Сити го потопи Реал Мадрид, Европа ќе добие нов шампион! (ВИДЕО)

Манчестер Сити по вторпат ќе игра во големото финале од Лигата на шампионите, тимот на Пеп Гвардиола го надигра Реал Мадрид во реваншот од полуфиналето, победи со 4-0 и со Интер ќе се бори за големиот пехар.

Лига на Шампиони

Манчестер Сити е вториот финалист во Лигата на шампионите откако вечерва на Етихад го прегазија Реал Мадрид победувајќи го убедливо со 4-0. Тимот на Карло Анчелоти вечерва изгледаше немоќно.

Англискиот тим особено беше доминантен во првото полувреме кое целото се играше пред голот на Куртоа. Резултатот беше отворен во 23. минута кога Бернардо Силва по асистенција од Де Брујне погоди за водство од 1-0.

И покрај предноста, нападите на Манчестер Сити не престанаа, во 37. минута Бернардо Силва постигна уште еден гол за предност од 2-0.

Во второто полувреме Реал Мадрид беше нешто порамноправен, се обиде да нападне, но и Пеп Гвардиола ја промени тактиката, престанаа жестоките напади.

Во 76. минута по центаршут на Де Брујне, несреќниот Милитао си постигна автогол за 3-0, се чини дека тука беа решени сите дилеми околу вториот финалист.

Но, тоа не беше се од Манчестер Сити, во 91. минута Алварез ги постави конечните 4-0 за тотален дебакл на Реал Мадрид.

Финалето меѓу Манчестер Сити и Интер се игра на 10. јуни.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.