24фудбал

Анри: Проблем во ПСЖ се фановите, не фудбалерите!

Легендата на францускиот фудбал, Тјери Анри смета дека во ПСЖ проблем се навивачите, а не најдобрите фудбалери во тимот кои често се мета на свирежи.

Франција

Во финишот од сезоната навивачите на ПСЖ го кренаа гласот против Нејмар и Меси. За разлика од Бразилецот кој е повреден и не игра, Аргентинецот беше исвиркуван и за време на натпревар.

Тјери Анри застана во одбрана на играчите кои се мета на свирежи.

„Според мене, проблемот во ПСЖ не се Меси, Мбапе или Нејмар. Пред неколку години, фановите го свиркаа Мбапе, потоа Нејмар, па Меси. Тие им свиркаат на нивните најдобри фудбалери. Според мене фановите се проблемот на овој клуб“, вели Анри.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.