24фудбал

Мурињо во свој стил му одговори на новинар: Не ги прифаќам вашите честитки! (ВИДЕО)

Жозе Мурињо не ги прифати честитките од еден новинар за победата над Леверкузен велејќи дека не слави победа на полувреме алудирајќи дека дуелот има и реванш.

Лига Европа

Рома синоќа со 1-0 го победи Баер Леверкузен и со предност ќе го почне реваншот кој следниот четврток се игра во Германија.

По мечот еден новинар му ја честиташе победата на Мурињо, но Португалецот не го прифати тоа.

„Не ја прифаќам вашата честитка. Ова е само прво полувреме, никогаш не славам на полувреме, никогаш не плачам на полувреме кога губиме и не сакам честитки бидејќи водам на полувреме“, рече Мурињо.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.