24фудбал

Ривер со гол во 93. минута ја победи Бока во меч со тепачка и шест црвени картони (ВИДЕО)

Ривер плејт и Бока јуниорс одиграа вистинско аргентинско Суперкласико кое заврши со голема тепачка по која судијата мораше да покаже дури шест црвени картони.

Јужна Америка

Ривер беше подобар во текот на целиот меч, создаде неколку добри шанси, ја погоди и стативата, но голот дојде од пенал дури во 93. минута.

Реализатор на најстрогата казна беше Мигуел Броха кој погоди за победа од 1-0.

Брзо потоа настана голема мешаница на теренот, тепачка меѓу двете екипи, судијата покажа четири црвени картони на актерите на мечот и два црвени надвор од теренот.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.