24фудбал

Црната серија на Манчестер јунајтед со шпанските клубови почна од Скопје!

Манчестер јунајтед има црн баланс со шпанските клубови во последните години, а таа негативна серија започна од нивниот дуел против Реал Мадрид во Суперкупот кој се играше на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Лига Европа

Пред шест години, Жозе Мурињо му го донесе трофејот на Манчестер јунајтед во Лига Европа, а само три месеци подоцна загуби од Реал Мадрид на натпреварот кој се играше во Скопје, од тој момент започна црната серија против шпанските клубови.

Вчера испаднаа од Севиља, тоа беше шеста година по ред како англискиот гигант испаѓа по нокаут дуел со клуб од Ла Лига.

Дури трипати Севиља ги елиминирала „ѓаволите“, која покрај овој последен пат, за Јунајтед беше кобна и во 2018 во осминафиналето од Лигата на шампиони теи во 2020 во полуфиналето од Лига Европа.

Покрај од клубот од Андалузија, Манчестер јунајтед загуби од Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите во 2019, од Виљареал во финалето од Лига Европа во 2021 и од Атлетико Мадрид минатата сезона во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Кога е во прашање Севиља, интересен е и фактот дека Манчестер јунајтед никогаш не го победил овој клуб. Досега одиграле петпати, трипати доживеале пораз, а двапати одиграле нерешено.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.