24фудбал

Меси доби статуа, ќе стои покрај оние на Марадона и Пеле: Никогаш не сонував за нешто вакво (ФОТО)

Водечкото тело на јужноамериканскиот фудбал, КОНМЕБОЛ му оддаде почит на Лео Меси по триумфот на мундијалот во Катар, статуа од Аргентинецот ќе стои во музејот покрај оние на легендарните Пеле и Диего Марадона.

Јужна Америка

Минатата година, Лео Меси конечно го освои трофејот кој толку многу го посакуваше и по 36 години ја предводеше Аргентина до триумф на Светско првенство.

Па во чест на големиот успех во Катар, КОНМЕБОЛ изработи статуа од Лео Меси која ќе стои покрај оние на легендарните Пеле и Диего Марадона во музејот на водечкото тело на јужноамериканскиот фудбал.

„Никогаш не сонував за нешто вакво, едноставно сакав да уживам во фудбалот. Имав долг пат, многу одлуки и порази, но секогаш гледав напред и сакав да победам, да триумфирам. Мислам дека ова е најважно, да се борите за вашите соништа, да покажете дека се е можно и да уживате во играта“ – рече Лео Меси.

На напаѓачот исто така беа врачени и реплика трофеи од Светското првенство и од Финалисима, турнирот организиран во јуни лани како еден вид суперкуп помеѓу шампионите на ЕВРО и Копа Америка и кој Аргентина го освои со победата над Италија на „Вембли“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.