Категорија: Германија 26.03.2023 12:53
Германските медиуми пишуваа дека голем дел од фудбалерите на Баерн Минхен биле незадоволни од работата на Нагелсман, и тоа било една од причините за отказот.
Но, Горецка вели дека не е така, Нагелсман не ја загубил поддршката од соблекувалната.
„Јас не сум имал никаков проблем со Нагелсман. Не знам како било со другите, но можам да ви кажам дека тој не ја загуби соблекувалната. Вестите за отказот на Јулијан беа шок! Сите фудбалери беа изненадени“, рече Горецка.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.