24фудбал

Елмас ги споредуваше соиграчите со колачи и откри дека се „дави“ во пица и суши!

Македонскиот фудбалер, Елиф Елмас во гостување на „ДАЗН“ во емисијата „Култура“, ги споредуваше своите соиграчи од Наполи со колачи, кажа и дека многу јаде пица и суши.

Италија

И покрај тоа што најчесто влегува од клупата, Елиф Елмас има значајна улога оваа сезона во дресот на Наполи кој сигурно маршира кон Скудетото. Македонскиот „дијамант“ е атрактивен и за италијанските медиуми, а во емисија на „ДАЗН“ одговараше на едни поинакви прашања.

„Квара? Тој е – еклер! Ди Лоренцо е – баклава! Лоботка – 'баба' (рум колач – н.з.). А, Ким? За него не може да најдам десерт... Можеби – чоколаден прелив! Сите го сакаат“, урнебесно ги споредуваше соиграчите од Наполи со десерти.

Во детството обожувал да ја гледа Рома и се воодушевувал на Тоти, па открил како му минувало секодневието.

„Типичен ден како дете? Сѐ и сешто. Наутро на училиште, па ручек, па тренинг, па курс по англиски, кик-бокс, пливање... Па во осум навечер домашна по англиски. Не запрев... Мојот татко скоро да не гледаше фудбал, по цел ден работеше во слаткарницата „Мандарина“, за која сѐ уште не знам како е избрано името. Нормално дека помагав, затворав со татко ми. Многу се жртвував кога бев помлад. А, јас како дете навивав за Рома. Најмногу поради Тоти. Беше феномен. Само поради него ја гледав Рома“, вели Елмас.

Роден е во Скопје, сега живее во Неапол, а не може да престане да јаде пица.

„Прв спомен од Неапол? Тесни улици! Кога дојдов прво заминавме да јадеме пица. Многу е поразлично од Македонија, Неапол е прекрасен, има море, има многу работи, поголем е од Скопје, кој е мој град. Омилено ми е да јадам пица. Многу јадам, да ме видите нема да верувате. А, суши? Можам да изедам 70 парчиња крцкави суши ракчиња“, додава Елмас.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.