Денеска повторно се појавија шпекулации дека Лука Модриќ преговара со Ал Наср и од следната сезона може да му стане соиграч на Кристијано Роналдо, но Хрватот вели дека не е така.
Категорија: Шпанија 24.03.2023 20:30
Целта на Модриќ е да остане во Реал Мадрид, тој уште еднаш го потенцираше тоа.
„Мојата желба е позната, сакам да останам во Реал Мадрид. Верувам и се надевам дека тоа ќе се случи. Се останато што се пишува се само шпекулации. Сум повторил едно стопати, се надевам и верувам дека ќе останам во Реал Мадрид“, одговори Модриќ на гласините кои го поврзуваат со Ал Наср.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.