24фудбал

Баерн плати рекордна отштета за да го ангажира а Нагелсман не издржа ниту две години, Тухел ќе биде нов тренер

Голем број на извори од Германија пренесуваат дека Баерн Минхен решил да се раздели со Јулијан Нагелсман и да го ангажира Томас Тухел за нов тренер.

Германија

Баерн Минхен во 2021 плати рекордна отштета од 25 милиони евра за да го ангажира Јулијан Нагелсман, но младиот стратег никогаш не успеа во целост да ги имплементира своите идеи, играчите често се бунтуваа и имаа замерки за методите.

Раководството на клубот во неколку наврати му даде поддршка, но трпението заврши, голем број на извори од Гермнија објавија дека „баварците“ решиле да ја искористат паузата за репрезентативни настапи за да му дадат отказ на Јулијан Нагелсман и да го сменат тренерот.

На кормилото на Баерн Минхен ќе седне Томас Тухел и сето ова ќе биде официјализирано во следните денови.

Томас Тухел ќе дебитира на клупата на Баерн Минхен против својот поранешен клуб Борусија Дортмунд на 1. април. „Милионерите“ во моментов се на врвот на табелата со еден бод предност.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.