24фудбал

Барди: Многу е важно да почнеме со победа

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди вели дека фудбалерите вечерва мора да го дадат максимумот и да тргнат со победа во новиот квалификациски циклус.

Македонија

Македонија денеска против Малта од 20:45 часот го почнува квалификацискиот циклус за Европското првенство.

„Според последните резултати на овој тим, пласман на Европско првенство, финале во баражот за настап на Светскиот шампионат амбициите сигурно се големи. Но, сето тоа мораме да го заборавиме и да се фокусираме на тоа што нѐ очекува. Посебно за овој прв натпревар со Малта. За нас е многу важно да почнеме со победа бидејќи нашата цел во оваа тешка група е да забележиме што е можно повисок пласман. Знаеме дека можеме да играме против сите репрезентации, но на секој натпревар мораме да одиграме најдобро што можеме”, вели македонскиот репрезентативен фудбалер за врска Енис Барди.

Македонија е во група со европскиот првак Италија, европскиот вицепрвак Англија и секогаш незгодната Украина, најтешката група во овој квалификациски циклус за Еуро 2024 во Германија.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.