24фудбал

Мбапе веднаш се покажал како голем капитен, еве што прво направил

Медиумите од Франција пренесуваат дека Килијан Мбапе веднаш седнал на разговор со Антоан Гризман и му порачал на својот колега од нападот дека очекува да биде лидер во репрезентацијата и без капитенска лента.

Франција

Дидје Дешан направи проблеми во соблекувалната на Франција со својата одлука да го именува Килијан Мбапе за нов капитен. Антоан Гризман бил најпогоден од ваквиот избор, фудбалерот на Атлетико Мадрид бил вознемирен па дури и размислувал да се повлече од репрезентацијата.

Сепак, последните информации велат дека страстите се смириле откако Килијан Мбапе веднаш се покажал како голем капитен.

Како што пренесува Л’Екип, Килијан Мбапе го повикал Антоан Гризман на разговор и му пренел дека го разбира неговото разочарување, но сериозно смета на неговото присуство во соблекувалната и го гледа како еден од предводниците на новиот циклус.

Килијан Мбапе верува дека Антоан Гризман и уште неколку други играчи можат да бидат лидери во тимот без да ја носат капитенската лента и токму тоа го очекува од нив.

Двајцата го напуштиле состанокот со насмека на лицето и Антоан Гризман заборавил на идејата да се повлече од репрезентацијата.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.