24фудбал

Начо за конфликтот помеѓу Гави и Себаљос: Луѓе па ова е „Ел класико“ има удари, тепачки, искри...

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо го прокоментира конфликтот помеѓу Гави и Дани Себаљос, вели дека не треба од мравка да се прави слон бидејќи на „Ел класико“ сегакош има удари, тепачки и искри.

Шпанија

Гави и Дани Себаљас се во фокусот на шпанската јавност откако имаа неколку жестоки дуели на пресметките помеѓу Барселона и Реал Мадрид.

Фудбалерот на Реал на мечот во Суперкупот го повлече противникот за коса, а младата ѕвезда на Барса се реваншираше изминатиов викенд, кога без топка од зад грб го удри и го собори Себаљос.

Многумина прашуваат како сето ова ќе влијае врз атмосферата во репрезентацијата на Шпанија а Начо порача дека не треба од мравка да се прави слон.

„Не сум разговарал со Гави на оваа тема“ - вели дефанзивецот на Реал од собирот со „црвената фурија“.

„Луѓе па ова е „Ел класико“, има удари, тепачки искри... Нема потреба да се навраќаме на ова. Целта сега е да победиме во дресот на Шпанија“.

„Гави е добро момче“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.