24фудбал

Негреира со парите од Барса им купувал подароци на судиите, частел скапи ручеци, слатки, вина, алкохол...

Медиумите од Шпанија продолжуваат да пишуваат за „Барсагејт“ и случајот „Негреира“, весникот Ел Мундо објави дека со парите од Барселона биле купувани подароци за судиите, скапи ручеци и многу други работи.

Шпанија

Барселона се најде во голем скандал откако даночните власти објавија дека клубот од Камп Ноу исплатил милионски суми на поранешниот потпретседател на судискиот комитет, Енрикез Негреира.

Обвинителството реши да поднесе пријава и сега судот ќе одлучува дали „каталонците“ направиле нешто погрешно.

Вчера беше објавено дека даночните власти во својот извештај завеле дека нема докази дека Барселона ја купила наклонетоста на судиите и било влијаено врз резултатите, но постојат силни индикации дека е правено тоа.

Елу Мундо денеска се надворза на оваа тема и објави голем број на фактури од компанијата на Енрикез Негреира и пренесе дека со парите на Барселона се купувале подароци за судиите.

Биле купени персонализирани жолти и црвени картони за судиите, како и парички кои се фрлаат пред почетокот на натпреварите.

Повеќе од десетина илјади евра биле потрошени за пршути, а се купувале и билете за фудбалски натпревари, се частале ручеци во ресторани во Барселона и Мадрид (сметки над 2.000 евра) а се купувале и слатки, вина, алкохол и скапи кашкавали.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.