24фудбал

Жорди Алба откри кога го заработил првиот милион и што купил: Татко ми не можеше да верува, почна да плаче...

Левиот бек на Барселона, Жорди Алба откри дека во Валенсија го заработил првиот милион и прво што направил со парите, купил нов автомобил на својот татко, кој често доаѓал да го гледа.

Шпанија

Жорди Алба, кој е роден во Каталонија, како младинец долги години беше дел од школата на Барселона, но луѓето од академијата сметале дека тој е премногу ситен и нема да се снајде на Камп Ноу, па левиот бек преку Валенсија стигна до патот на успехот и во 2012 се врати во Барса.

Како гостин во емисијата „Вахандо кон Честер“ на Кватро, Жорди Алба сега откри дека првиот милион го заработил токму на „Местаља“ и прво што направил со парите, купил нов автомобил на својот татко.

„Го заработив првиот милион во Валенсија. Но искрено, не му дадов голема важност. Да, ги ценам парите, но парите не се најважната работа во животот“ – вели левиот бек.

„Со првиот милион, купив нов автомобил за мојот татко. На секој три-четири дена тој патуваше во Валенсија, доаѓаше да ме гледа, но еден ден направи сообраќајка. Го искрши автомобилот, за среќа тој помина добро“.

„Па му купив нов автомобил, му купив Мерцедес, но не сакав да му кажам, беше изненадување. Му кажав дека ќе треба да подигне одреден пакет. Не можеше да поверува кога го виде автомобилот, почна да плаче. Плачеше поради гестот, поради тоа што сум помислил на него, не поради самиот автомобил“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.