Ерлинг Халанд запиша уште еден хет-трик, а Манчестер Сити со 6-0 го победи Барнли и се пласираше во полуфиналето од ФА Купот.
Категорија: Англија 18.03.2023 20:50
Лидерот на Чемпионшип не беше достоен противник за Манчестер Сити кој ја наполни нивната мрежа. Ова беше и враќање на Винсент Компани на Етихад.
Во првото полувреме Халанд за три минути даде два гола и донесе водство за Манчестер Сити од 2-0.
По 15 минути игра во второто полувреме Халанд даде уште еден гол и стави крај на сите дилеми околу победникот, Манчестер Сити поведе со 3-0.
До крајот на мечот Алварез даде два гола и Палмер еден за победа од 6-0.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.