Златко Далиќ и Фудбалската федерација на Хрватска го потпишаа новиот договор според кој стратегот ќе остане на чело на „коцкестите“ до 2026 година.
Категорија: Останато 18.03.2023 13:10
Далиќ останува верен на Хрватска и покрај тоа што имаше понуди да се префрли на клупскиот фудбал. Тој е најуспешниот селектор во историјата на Хрватите и ќе продолжи да ја води селекцијата до следното Светско првенство.
„Сакам да му се заблагодарам на претседателот Кустиќ и на цела фудбалска федерација за нивната доверба и поддршка. Нема подобра работа. Нема почесна работа од таа да ја водам Хрватска како селектор. Навистина сум возбуден за иднината“, изјави Далиќ.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.