24фудбал

Спалети брутално му одговори на Гвардиола: Сити потроши 900 милиони, а Наполи само 9, како може...

Лучано Спалети вели дека не сака да наседне на психолошките игри на Пеп Гвардиоал и прашува како може Наполи да се споредува со Манчестер Сити, тим кој има потрошено 900 милиони на засилувања.

Италија

Пеп Гвардиола оваа недела изјави дека Наполи е најдобриот тим во Европа, но Лучано Сплаети вели дека ова е само обична психолошка игра и обид неговиот тим да се стави под притисок.

„Не се чувствувам горд на ваквите коментари. Знам дека ова е само обична игра и ривалите се обидуваат да стават притисок врз нас“ – рече предводникот на Наполи откако синоќа уште еднаш го победија Ајнтрахт и за прв пат во својата историја се пласираа во четвртфинале во Лигата на шампиони.

„Зарем сериозно ќе го ставиме Наполи пред Манчестер Сити? Па тие имаат потрошено 900 милиони евра, а ние имаме инвестирано 9 милиони!“

„Ова се само обични игри, сакаат да не пореметат и потоа да не срушат“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.