24фудбал

Поранешен фудбалер на ПСЖ го „распарчи“ Меси: Лесно е да се даваат голови на Анже и Клермон, каде беше против Баерн?

Жером Ротен често го критикува Лео Меси, поранешниот фудбалер на ПСЖ вчера одново го „распарчи“ напаѓачот и го обвини дека не гине на теренот како што тоа го прави во дресот на Аргентина.

Франција

ПСЖ синоќа беше елиминиран од Баерн Минхен во Лигата на шампиони, па ѕвездите на клубот добија многу критики, еден од оние кои се најде на удар на јавноста беше Лео Меси.

„Ми се чини дека Лео Меси не сака да биде инволвиран во овој клуб! Вели дека сега се „прилагодил“, но на што се прилагодил? Си постигнал 18 погодоци или си забележал 16 асистенции против Ажер и Клермон? Но на големите натпревари, на натпреварите кои се важни, те нема никаде, исчезнуваш!“ – вели поранешниот фудбаелр на ПСЖ, Жером Ротен.

„Ова е смешно, особено ако во предвид ги земеме неговите натпревари на Светското првенство. Гледав како се движеше, како беше инволвиран, инвестиран. Да, разбирам дека малку е поинаку кога го носите националниот дрес, но тој треба да покаже малку повеќе почит кон ПСЖ, кој му дава огромна плата“.

„ПСЖ му ги бакнуваше нозете бидејќи сметаше дека Меси ќе донесе триумф во Лигата на шампиони. Но тој не донесе ништо!“


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.