24фудбал

Катарци го купуваат Манчестер јунајтед и ќе му обезбедат огромен трансфер буџет на Ерик тен Хаг?!

Дејли Мејл пренесува дека во следните денови ќе пристигне понуда од Катар за превземање на Манчестер јунајтед, доколку зделката се реализира, Ерик тен Хаг ќе доби огромен трансфер буџет за засилувања.

Англија

Семејството Глејзер го стави Манчестер јунајтед на продажба и постави рок за прибирање на понуди до средината на февруари.

Џим Ратклиф, најбогатиот човек во Британија, е единствениот кој до овој момент јавно го потврди интересот и се посочува како фаворит за купување на клубот од Олд Трафорд.

Но денешното издание на Дејли Мејл пренесува дека во следните денови ќе пристигне понуда од Катар, група на богати бизнисмени ќе достават предлог со кој ќе ја збришат конкуренцијата.

Весникот не открива многу детали само додава дека Катарците се подготвени да му обезбедат огромен трансфер буџет на Ерик тен Хаг доколку зделката се реализира.

„Овие луѓе се сериозни, сакаат да се погрижат Манчестер јунајтед да се врати на местото на кое заслужува да биде. Сакаат да го засилат составот и да го вратат тимот на врвот. Сметаат дека Манчестер јунајтед е најголемиот клуб во светот, и одлучни се во намерата да го купат и да го вратат клубот онаму каде што треба“ – вели еден извор за Дејли Мејл.

Се верува дека семејството Глејзер бара околу 6 милијарди фунти за продажба на Манчестер јунајтед.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.