Рајо Ваљекано славеше нова победа во Ла Лига, овојпат триумфираа над Алмерија со 2-0, уште едно одлично издание без примен гол на македонскиот голман, Столе Димитриевски.
Категорија: Шпанија 06.02.2023 23:02
По победата над Виљареал, Рајо Ваљекано освои нови три бода, овојпат од нив настрада тимот на Алемрија.
Димитриевски ја сочува својата мрежа, а противничката најпрво ја затресе играч на Алемрија, Ели кој си постигна автогол, а победата ја завери Гарсија кој ги постави конечните 2-0.
По 20 одиграни кола во Ла Лига, Рајо Ваљекано е на фантастичното петто место на табелата.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.