24фудбал

Лацио освои само бод од гостувањето кај Верона (ВИДЕО)

По ремито против Фиорентина во претходно коло, Лацио повторно освои само бод, овојпат тимот на Сари одигра 1-1 на гостувањето кај Верона.

Италија

Лацио не успеа да го освои целиот плен од Верона, имаше водство, но не победи, носи само бод во Рим.

Гостите поведоа пред самиот крај на првото полувреме, по една убава акција, Педро постигна одличен гол за водство на Лацио од 1-0.

Но само по шест минути игра во вториот дел, Нгонге со глава реализираше за конечни 1-1.

По 21. коло Лацио се наоѓа на четвртата позиција на табелата со бод помалку од Рома, а бод повеќе од Аталанта и Милан.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.