24фудбал

Тренер на Сиваспор загубил 15 члена од семејството во разорниот земјотрес

Скоро 2.500 жртви досега однесе катастрофалниот земјотрес кој утринава ја погоди југоисточна Турција, а десетици илјади останаа заглавени под рушевините, меѓу нив и фудбалери, одбојкари, борачи...

Останато

Неколку фудбалери во регионот Хатај се недостапни и се трага по нив после катаклизмичниот земјотрес, цел одбојкарски тим се најде под рушевини откако се срушил хотелот, а 40-на борачи исто така откако се срушила зградата во градовите најсилно погодени од земјотресот.

И на трагичните вести од Турција нема крај, а тренер на Сиваспор, Ајхан Тенбелоглу доживеал најголема загуба, како што објави техничкиот директор на клубот Риза Калимбај, зашто загубил дури 15 члена од своето семејство.

„Многу ми е жал и длабоко сум потресен за сите настрадани. Наше сочувство до секој. Прво што направивме утринава беше да му се јавиме на нашиот тренер на голманите Ченгиз. И слушнавме за неговата ситуација, но многу ни е жал за еден од помошните тренери, Ајхан Тенбелоглу. Тој загуби 15 члена од своето семејство. Во Сивас паѓа многу снег и тоа уште повеќе ја отежнува работата. Живееме во многу тежок ден и како клуб ќе дадеме сѐ што можеме за да помогнеме“, рече Калимбај за турски медиуми.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.