24фудбал

Фудбалерите на Мајорка го „тепаа“ Винисиус, тој провоцирал: Никогаш нема да имате пари како мене!

Винисиус Жуниор беше мета на противничките фудбалери на синоќешниот натпревар помеѓу Мајорка и Реал Мадрид, напаѓачот на „кралевите“ беше фаулиран дури 10 пати.

Шпанија

Мајорка синоќа со 1-0 го совлада Реал Мадрид во меч со многу борба и „ќотек“. Домаќините направија дури 29 прекршоци, од кои само 10 беа врз Винисиус Жуниор, кој имаше и неколку вербални дуели со противниците.

Медиумите сега откриваат каква порака им испратил Бразилецот на Антонио Хозе Раиљо и Пабло Мафео.

Винисиус Жуниор им кажал дека ќе треба да најдат работа откако ќе ја завршат кариерата како фудбалери и никогаш нема да имаат пари како што тој има. 


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.