24фудбал

Халанд брзо ќе си оди од Манчестер Сити, има лош однос со Пеп Гвардиола!

Шпанскиот медиум „Национал“ тврди дека Пеп Гвардиола има нарушен однос со неколку фудбалери, а еден од нив е Ерлинг Халанд.

Англија

Ерлинг Халанд е подготвен рано да си замине од Манчестер Сити бидејќи има лош однос со Пеп Гвардиола кој креирал лоша атмосфера во соблекувалната.

Халанд е во фантастична голгетерска форма, досега за Сити даде 31 гол на 27 натпревари во сите натпреварувања.

Но и покрај тоа, Манчестер Сити е на второто место на табелата во Премиерлигата и го брка Арсенал кој засега има солидна предност од пет бодови.

Тимот на Гвардиола требало да се адаптира на стилот на игра на Халанд, а тоа не секогаш е успешно.

„Национал“ тврди дека Халанд има лош однос со Гвардиола кој од неколку фудбалери е обвинет дека креирал лоша атмосфера во соблекувалната.

Еден од оние со кои го расипа односот е Жоао Кансело кој поради тоа си замина од Манчестер Сити и потпиша на позајмица во Баерн Минхен.

Гвардиола имал нарушен однос и со Бернардо Силва и Кајл Вокер, но и комуникацијата не му била најдобра и со уште неколку други фудбалери.

За Реал Мадрид и Флорентино Перез вестите за нарушениот однос на Халанд и Гвардиола се добредојдени, тие во Норвежанецот го гледаат наследникот на Бензема и се верува дека само прашање на време е кога тој трансфер ќе се реализира.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.