24фудбал

Рома со два гола во првите шест минути ги освои трите бода против Емполи (ВИДЕО)

Рома со 2-0 го совлада Емполи, а двата погодоци беа постигнати на самиот старт од натпреварот.

Италија

Емполи на Олимпико отпатува во одлична форма, без пораз во 2023 година, но тимот на Мурињо ја оправда улогата на фаворит и ги освои трите бода.

Резултатот беше отворен уште во втората минута кога по центаршут на Дибала од корнер, Ибањез погоди со глава за 1-0.


Четири минути подоцна иста ситуација, Дибала нафрла од корнер, овојпат Абрахам даде гол и донесе водство од 2-0 што беше и конечен резултат.


Рома со оваа победа се качи на третото место, но ривалите допрва треба да ги играат мечевите од ова коло.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.