24фудбал

Откако му пропадна трансферот во Унион Берлин, Иско си постави нова цел

Нема време за жалење, по неуспешната мисија да потпише за Унион Берлин, Иско сега сака да ја напушти Европа и да се пресели во САД, во МЛС.

Англија

Според „АС“, Иско си поставил нова цел, тој сака да си замине од Европа и да игра во САД. Но, има проблем бидејќи во моментов нема место за фудбалер како него.

Во САД се лимитирани местата за фудбалери кои можат да добиваат поголема плата од ограничената. Тие се викаат играчи на франшизата. Такви има 62 места кои се пополнети. Дел од тие играчи се Чичарито, Карлос Вела, Лоренцо Инсиње, Џердан Шаќири...

Иско ќе треба да почека во некој клуб да се ослободи место за играч од негов калибар, па тогаш да се пресели во МЛС.

Тој во април ќе наполни 31 година, може да игра на највисоко ниво, па додека чека да се ослободи место во САД, може да продолжи да игра во Европа. Како слободен играч може да потпише договор и надвор од преодниот рок.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.