24фудбал

Јувентус го чека нова казна, овој пат ќе му бидат одземени 20 бода?!

Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус може да се најде во сериозни проблеми, на „старата дама“ ќе и бидат одземени уште 20 бода поради малверзациите со платите.

Италија

Јувентус доби казна и му беа одземени 15 бода откако обвинителството при Фудбалската федерација на Италија реши повторно да го отвори случајот за „надуваните“ цени на фудбалерите кои биле трампани со цел да се забележи капитална добивка при трансферите.

Како што пренесуваат медиумите од Италија, „старата дама“ сега ја чека нова казна, која може да биде уште поголема од првата.

Кориере дело Спорт објави дека обвинителот ќе побара на Јувентус да му бидат одземени 20 бодови за малверзацијата со платите.

Во екот на пандемијата, Јувентус објави дека фудбалерите се сложиле да се откажат од четири плати, но прибрани се доволно докази кои укажуваат дека фудбалерите се откажале само од една плата, а за останатите три плати се постигнати приватни договори со кои се гарантира исплатата.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.