Килијан Мбапе синоќа го напушти мечот со Монпелје уште во првото полувреме поради повреда, неговиот настап против Баерн Минхен во Лигата на шампионите е неизвесен.
Категорија: Лига на Шампиони 02.02.2023 10:31
Мбапе синоќа се повреди, се уште нема детални информации колку време ќе биде надвор од теренот.
Тренерот Галтие синоќа изјави дека не се работи за сериозна повреда и Мбапе би требало брзо да се врати на теренот.
„Л'Екип“ пишува пак дека Мбапе со сигурност ќе го пропушти првиот меч со Баерн Минхен, а неизвесен е и за реваншот.
Во текот на денешниот ден се очекуваат повеќе детали за повредата на Мбапе.
Поради повреда синоќа мечот порано го заврши и Серхио Рамос. И за неговата повреда Галтие рече дека не е сериозна.
Првиот осминафинален меч меѓу ПСЖ и Баерн Минхен се игра на 14. февруари, реваншот е на 8. март.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.